Војна на Трамп со Европа! Воведе царина на увоз од 25 отсто: „Европската унија е основана за да ги измами САД“! (ВИДЕО)
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека одлучил да воведе царини од 25 отсто за увоз на стоки од Европската унија, остро критикувајќи го блокот и обвинувајќи го за нефер трговски практики.
„Европската унија е основана за да ги измами САД“, рече Трамп за време на состанокот на владата.
Трамп додаде дека одлуката е донесена и наскоро ќе биде официјално објавена.
– Ќе биде 25 проценти – рече американскиот претседател, прецизирајќи дека новите царини ќе се применуваат „генерално“, но дека тие особено ќе влијаат на увозот на автомобили.
Одлуката за воведување царини доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп веќе воведе слични мерки за увоз на челик и алуминиум, што предизвика силни реакции кај меѓународните партнери.
Европската унија изрази „длабоко жалење“ за новите мерки и најави решителен одговор за заштита на своите економски интереси.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе преземе „силни и пропорционални контрамерки“ како одговор на американските царини.
Автомобилската индустрија е најтешко погодена
Воведувањето царина од 25% за увоз на автомобили од Европската унија може значително да влијае на европската автомобилска индустрија, која претставува еден од клучните сектори на европската економија.
Овие мерки се очекува да доведат до зголемување на цените на автомобилите на американскиот пазар, што може да ја намали побарувачката и негативно да влијае на европските производители.
Дополнително, постои можност Европската унија да воведе контрамерки, што дополнително би го ескалирало трговскиот конфликт меѓу двата најголеми економски блока во светот.