Карапанџиќ вчера околу 10 часот бил примен на клиника, облеан во крв! Лекарите кои му укажале прва помош веднаш ја известиле полицијата.
– Карапанџиќ во крв и хематоми дојде во Ургантен, ги имаше дури и на стапалата. Во полиција изјавил дека никој не го мачел и тепал, туку сам прелетал низ стаклената врата – откри соговорникот на српски Курир.
Карапанџиќ не е во животна опасност, но е хоспитализиран.
Борис Карапанџиќ, да потсетиме, минатата недела беше во судницата на Специјалниот суд. Тој беше уапсен на 4 февруари 2021 година, а во октомври минатата година беше пуштен да се брани од слобода.
На криминалната група и’ се суди за седум убиства, силување, трговија со дрога и оружје, но Карапанџиќ не негира дека учествувал во крвави злосторства, туку дека бил член на клан кој дејствувал под маската на навивачката група „Принципи“.
Неколку пати, откако беше ослободен, тој доаѓаше на суд.