“ВОЈНИЦИТЕ ПОЛУДУВААТ ПО НЕА!“ – Омилената пејачка на Кремљ некогаш била бестрашна рокерка, а потоа мистериозно исчезнала за денес да биде симболот на ‘Z’ културата (фото)

Таа има висок глас и светла насмевка како Вера Лин, но за руските патриоти кои ја поддржуваат војната и политиката на Владимир Путин во Украина, таа е исто толку инспиративна како него, станува збор за Јулија Чичерина.

Таа изведува и пее песни што самата ги напишала за војниците во окупираните украински градови и во шумските предели зад ровови.

На неодамнешниот импровизиран концерт на „леденото поле“, кој се гледаше низ Русија преку видео-врска, исцрпените војници кои се борат во Украина се качија на оклопните возила и ѝ аплаудираа додека таа пееше „Ова е наша земја и ние ќе останеме овде“, по што побрзаа да се фотографираат со неа и да го земат нејзиниот автограм, пишува The Telegraph.

Руските војници во Украина се фотографираат со Јулија Чичерина

Чичерина (44 г.) е една од најголемите ѕвезди на Z-културата (Z-рускиот симбол за војната во Украина). Мнозинството руски уметници и културни работници ја осудија војната, многумина избегаа во странство, а многумина исто така молчат за војната. 

Како и да е, низ цела Русија има Z-пејачи, поети, писатели и други кои ја најдоа својата ентузијастичка публика на настани во живо и на социјалните мрежи, меѓу граѓаните кои се убедени дека Русија се бори за сопствен опстанок. Тие додаваат емотивна тежина на антизападните пораки емитувани на ТВ, а од неодамна најмладите генерации имаат задолжителни часови по патриотизам во училиштата.

Чичерина постигна успех како инди-рок уметник во раните 2000-ти години, но потоа исчезна од очите на јавноста. Повторно се појави во 2014 година, набргу откако Русија го зазеде полуостровот Крим, и стана редовен пропагандист за проруските отцепени „народни републики“ Доњецк и Луганск во источна Украина.

Ова е војна на православието против антихристот“, често изјавува таа.

Јулија Чичерина

Вакви апокалиптични пораки повторуваат сите уметници на Z културата во Русија.

Да бидам искрен, денес западни вредности се сатанизам“, вели поетот, пејач и комичар Иван Кондаков (39 г.) за The Telegraph.

Кондаков течно зборува англиски, а Лондон го опишува како еден од неговите омилени градови. Но, неговите објави на социјалната мрежа Телеграм, каде што го следат повеќе од 47.000 млади луѓе, го опишуваат Западот како развратен свет.

Како и случајот со Чичерина, анексијата на Крим го разбуди неговиот интерес за политиката. Подоцна, за време на карантинот предизвикан од пандемијата со вирусот Ковид-19, тој ја зеде гитарата и почна да компонира музика за рускиот свет.

Го познавам рускиот менталитет. Знам што ги загрижува луѓето и се трудам малку да ги насмеам“, вели тој за весникот.

Целта на неговиот хумор се сите кои се противат на војната. Ги нарекува како предавници и виновници. Тој на своите социјални мрежи промовира се што е руско, како напрмиер долна облека, омилена меѓу националистите, чиј слоган е „Биди Русин од глава до пети“.

На прашањето дали е спонзориран од државата, Иван вели дека не е. Неговите видеа се финансирани од населението, вели, но се појавува и на државните медиуми и задоволно вели дека сега го препознаваат обичните луѓе на улица.

Во меѓувреме, професионалните пејачи кои ја поддржуваат војната, како што е Олег Газманов (71 г.), добро заработуваат од турнеите организирани од Кремљ.

Невозможно е да се знае колку Руси ја поддржуваат војната. Независната анкетна организација Levada Center процени поддршка на 75 отсто минатиот месец. Но, истражувањето на социјалниот антрополог Саша Аркипова вели дека повеќето Руси ја прифаќаат војната, но не ја поддржуваат. Многумина веруваат во наративот на Кремљ бидејќи алтернативните информации на Интернет се премногу болни за да се поднесат во ситуација кога тие не се осмелуваат да протестираат и да го искажат револтот против властите.