ВОЈНИЦИ СЕ ИСКАЧИЛЕ НА НАЈВИСОКОТ ВРВ НА СВЕТОТ, И НАШЛЕ СТРАШНА СЦЕНА: Покрај ѓубрето нашле нешто што ги шокирало

Непалската војска соопшти дека годинава отстранила 11 тони ѓубре, четири тела и еден скелет од Монт Еверест и од два други врвови на Хималаите.

На војниците им беа потребни 55 дена за да го извлечат ѓубрето и телата од Монт Еверест, Нупца и Лоца. Се проценува дека Еверест е покриен со повеќе од педесет тони отпад и повеќе од 200 тела.

Во пет акции за чистење од 2019 година досега собрани се 119 тони ѓубре, 14 трупови и неколку скелети

Во 2019 година, војската почна да спроведува годишно чистење на планината, која често се опишува како највисоката депонија за ѓубре во светот. Во пет операции за чистење, собрани се 119 тони ѓубре, 14 човечки трупови и неколку скелети, велат од армијата.

Во иднина, владата планира да формира тим од планински чувари кои ќе ја следат количината на ѓубре и ќе инвестираат повеќе пари во неговото собирање, рече директорот на одделот за планински туризам Ракеш Гурунг.

Сезоната за искачување на Еверест заврши на крајот на мај. Оваа година највисоката планина во светот однесе осум животи. Повеќе од 600 алпинисти и водичи успеаја да се искачат на Еверест оваа сезона.