Во Албанија, според статистиката од 2022 година, живеат вкупно 18.151 странски државјанин со регуларна дозвола за престој, од кои 43,7 отсто имаат дозвола за престој од работни причини или 7.932, објави Институтот за статистика, ИНСТАТ.
Италијанските државјани предничат со работни дозволи со околу 1.409 дозволи или 47,8 отсто од вкупно 2.948 Италијанци со дозволи за престој.
-На второ место се државјаните на Турција со 1.037 дозволи за престој од работни причини или 63,7 отсто од вкупни издадени 1.629 дозволи до 2022 година. Граѓаните од Косово се на трето место со 707 дозволи или околу 25 отсто од граѓаните со дозволи за престој во 2022 година (2.829), јави Телеграфи.
Во однос на дозволите за престој од работни причини, потоа следуваат државјаните од Соединетите Американски Држави, 505, Египет (293) итн.
Според податоците на ИНСТАТ, странците кои живеат во Албанија со потекло од Италија, покрај причината за вработување (47,8 отсто), се забележува и доминација на причината за обединување на семејството (17,2 отсто). Од друга страна, граѓаните од Косово ги предводат причините за обединување на семејството (44,7 отсто) и други причини (29 отсто).
Странците со турско потекло водат според причините за вработување со 63,7 отсто и за обединување на семејството 31,7 отсто. Странците со потекло од САД и Египет доминираат во причините за вработување со 54,2 односно 74,2 проценти.