Во Америка загина камионџија Милош (36) од Србија: Товарот падна врз него, немаше начин да се спаси

Возач на камион со потекло од Србија загина во средата наутро во Илиноис за време на испорака во фабрика во Гошен.

Полицијата соопшти дека Милош Јовановиќ (36) загинал кога врз него паднал товар тежок неколку стотици килограми од виљушкар.

Брзата помош се обидела да го реанимира, но Милош не можел да се спаси, пишува WSBT.

Отворена е страница Gofundme за да се соберат пари за покривање на трошоците за погреб.

„Со тешкo срцe ја споделуваме ненадејната смрт на нашиот драг пријател, Милош, кој трагично го загуби животот на работа. Тој беше многу љубезна душа која го посвети целиот свој живот на своето семејство. Милош ќе ни недостига повеќе отколку што можат да искажат зборовите. Никогаш нема да биде заборавен, секогаш ќе ни недостига“, пишува на страницата Gofundme.

Досега се собрани околу 20.000 долари