ВО БАЕРН МИНХЕН НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ПИЕ, А КОЈ ПЛАЌА – По изјавата на Томас Тухел, челниците на германскиот фудбалски гигант оставени во заблуда ?!
Челниците на Баерн Минхен се нервозни од однесувањето на Томас Тухел кој како што пишува весникот Bild – „игра опасна игра“.
Преодниот рок заврши неуспешно, потписот на Палхиња (28 г.) пропадна неколку часа пред затворањето на трансфер пазарот откако Фулам се откажа од трансферот на својот најдобар играч за кој за кратко време не можеше да најде соодветна замена. Извршниот директор Јан – Кристијан Дрисен (56 г.) и техничкиот директор Марко Непе (37 г.) го договорија договорот, Баерн Минхен беше подготвен да плати огромни 65 милиони евра за „шестката“ која нивниот тренер толку многу ја посакуваше. А потоа ја слушнаа неговата изјава пред натпреварот со Борусија Гладбах во последното коло (2:1):
„Составот е малку истенчен, малку слаб… Имаме шест обучени дефанзивци, на работ сме“, кажа Томас Тухел по натрепварот.
Изјавата на Томас Тухел наиде на целосно недоразбирање кај челниците на клубот. И тоа не за прв пат. Затоа што се покажа дека тренерот веќе има алиби во случај на евентуален спортски неуспех оваа сезона.
На крајот на летото, Баерн Минхен заработи 70 милиони евра во појдовни трансфери – 30 милиони евра (плус три милиони во бонуси) за Павард и 40 милиони евра за Гравенберх плус пет милиони евра во бонуси – а Томас Тухел побара овие пари да се инвестираат во Палхињо иако клупските челници го предупредија за премалку играчи во бековската линија, токму на што се пожали тренерот на Баерн Минхен минатиот викенд.
Тревох Чалобах (24 г.) од Челзи, кого Томас Тухел со личен телефонски повик го убедил да си замине и германскиот репрезентативец Армел Бела – Кочап (21 г.) не добиле одобрение за купување од управата на клубот. Нова позајмица на Жоао Кансело (29 г.) беше изводлива, но откако тој веќе се согласи на тоа, Томас Тухел потоа се изјасни против враќањето на Португалецот. И тоа не беше прв пат Томас Тухел да го иритира клупското раководство со своето променливо мислење за играчите.
Дури и кога се бараше голман, пишува Bild, Томас Тухел не дал јасна изјава за профилот што го сака. Во игра беа Боно (32 г.), Кепа (28 г.), Мамардашвили (22 г.), Санчез (25 г.) и Раја (27 г.), кои се сосема различни типови на голмани.
Однесувањето на Томас Тухел за време на преодниот рок внатрешно беше опишано како „лутање“ иако како дел од „Трансфер комитетот“ тој активно учествуваше во дискусиите и предлагаше идеи. Баерн Минхен брзо се одлучи за Израелецот Даниел Перец (23 г.) за нов голман, но Томас Тухел не даде зелено светло. Дури кога докторите го известиле за успешната операција на Мануел Нојер (37 г.) и кога неговите изгледи за враќање нагло се подобриле,Томас Тухел го прифатил Даниел Перец.