Роналдо испрати „порака за мир“! Не мора да го мразите Меси!

Португалецот и Аргентинецот беа големи ривали кога беа во Шпанија

Кристијано Роналдо е во Саудиска Арабија, а Лионел Меси во САД. Сега се на два краја на светот, но некогаш беа големи ривали кога играа за Реал и Барселона . Тоа ривалство повеќе не постои, но Португалецот проговори за „вечната тема“ на модерниот фудбал – Роналдо или Меси.

– Ако го сакате Кристијано Роналдо, не мора да го мразите Меси. И двајцата ја променивме историјата на светскиот фудбал. Ја делевме сцената 15 години, така што почитта е тука. Не велам дека сме пријатели, никогаш не сме биле многу блиски, но го почитувам – изјави Роналдо кој не е на списокот со кандидати за Златната топка.

Да потсетиме, Роналдо пред да замине во Ал Наср настапуваше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал и Јувентус.

Меси неодамна дојде во Интер Мајами откако го напушти Пари Сен Жермен.