Породилното одделение при Градската болница „Неџип Фазли“ во местото Оникишубат остана неоштетено во земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер кои кон почетокот на февруари погодина 11 области на југот на Туркије
Во болницата во турската област Кахраманмараш, која беше погодена од разорните земјотреси на 6 февруари, во изматиот период се родени 625 бебиња.
Породилното одделение при Градската болница „Неџип Фазли“ во местото Оникишубат остана неоштетено во земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер кои кон почетокот на февруари погодија 11 области на југот на Туркије
И покрај разорните земјотреси, болницата со 100 лекари и 400 членови на друг здравствен персонал продолжува со работа. Заменик главниот лекар на болницата Мустага Озгул во изјава за агенција Анадолу (АА) рече дека продолжиле да пружаат услуги и помош од првиот момент на земјотресот.
Тој раскажа дека во болницата пружиле помош на многу луѓе кои го преживеале земјотресот, додавајќи дека сите вработени работеле деноноќно за да им помогнат на луѓето.
„Од 6 февруари опслуживме околу 32 илјади пациенти на педијатрија. Опслуживме исто така шест илјади пациенти на одделот за акушерство. Опериравме околу 500 пациенти“, рече Озгул и додаде: „По земјотресот, во оваа болница досега се родени 625 бебиња. Доживеавме многу болка во овој град. Затоа раѓањето на бебињата за нас е огромна радост. Овие бебиња ни даваат надеж во иднината.“
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец го погодија југот на Туркије достигна 50.096.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије беа погодени од разорните земјотреси, како и многу во северна Сирија.
TRT Balkan