Во Будва демнеат месојадни црви!? Демнеат од морето, долги и до 30 сантиметри, а вака изгледаат! Што да направите ако се прилепо за вас (фото)

Огнените црви се појавија во неколку туристички центри во регионите Апулија и Калабрија на Сицилија. Невротоксинот во нивните влакна предизвикува вртоглавица и главоболки. Покрај тоа, огнените црви јадат месо.

Туристите и локалните жители се ставени во црвена тревога за да бидат предупредени за „инвазија“ на морничави црви.

Црвите се долги од 20 до 30 сантиметри и најчесто успеваат да живеат на карпесто морско дно, но и на песочно. Огнените црви се вообичаени во Карибите и тропските региони на западниот Атлантик.

Според истражувањето на Националниот институт за морски истражувања, црвите и наштетиле на рибарската индустрија затоа што се фатени во жабрени мрежи и риболовни средства.

Истражувачите работат на ограничување на ширењето на црвот и поттикнување известување за какви било видувања на социјалните мрежи. Експертите советуваат да користите суви прсти или селотејп при отстранување на боцките за да избегнете триење на кожата. Покрај дезинфекција, се препорачува миење на заразените делови од телото со ладна вода. Во случај на алергиски симптоми или треска, се советува да се посети лекар.

Дали сте виделе во Будва?

Во текот на минатиот месец истите црви се појавија на плажата во Будва. На една група на Фејсбук е објавена фотографија од црв со прашање за каков вид станува збор.

„Многу отровен вид на морска гасеница – Огнениот црв.”