Во Германија доаѓа огромна криза: Работодавците предупредуваат на катастрофа, над 300.000 работници ќе останат без работа, бараат државна помош

Работодавците предупредуваат дека градежната индустрија во Германија е во голема криза и дека за две години би можеле да исчезнат 300.000 работни места.

Високи камати, страв од инфлација, високи трошоци за греење… Градежната индустрија е во криза и покрај сериозниот недостиг на станови во Германија .

Од јануари до август 2023 година се издадени 28,3 отсто помалку одобренија за градење станови отколку во истиот период во 2022 година. Според реномираниот институт ИФО од Минхен, секоја втора градежна компанија страда од акутен недостиг на нарачки, пишуваат германските медиуми.

Наместо изградба на 400.000 нови станови, како што вети германската министерка за градежништво Клара Гејвиц, градежната индустрија тврди дека само 250.000 ќе бидат изградени во текот на 2023 година.

ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА СПАС

Тројца газди од големи градежни компании во Германија отворено за германските медиуми проговорија за своите проблеми.

– Канцеларката сега мора да ја направи изградбата на станови главен приоритет и да го спаси она што сè уште може да се спаси – изјави директорот на голем германски снабдувач на градежни материјали, кој додаде дека нарачките паднале за 30 отсто.

На претстојната премиерска конференција во декември мора да се постигне договор за изградба на станови.

– Ова е последна шанса да се спречи станбена катастрофа – рече директорот, кој бара посебна амортизација од 50 проценти на сите трошоци за изградба од 2024 година за приватните претприемачи, а исто така бара државата да го укине данокот на промет на недвижности на пет години.

ГУБЕЊЕ НА 300.000 РАБОТНИ МЕСТА

– Доколку градежната активност уште повеќе закочи, не е загрозена само енергетската транзиција, туку и социјалниот мир во Германија – смета друг работодавач од градежниот сектор.

Во него се наведува дека до 2025 година ќе бидат изгубени 300.000 работни места и дека многу компании ќе се откажат од проектите.