Како што е наведено во соопштението, до денес, ниту еден од серотиповите на птичји грип што ги зафати добитокот и живината во САД и заразените луѓе таму, не е откриен во Европската унија, Франција и Обединетото Кралство, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.
Американското Министерство за земјоделство неодамна ѝ потврди на агенцијата дека биле тестирани млечни крави и дека резултатите покажале дека се позитивни на вид на птичји грип кој претходно не бил регистриран кај кравите.
Во Франција само годинава се евидентирани 19 случаи на појава на птичји грип кај живината, додека претходните години во просек годишно имало по 400 такви случаи. Француските власти велат дека овој пад на бројот на заразени луѓе се должи на вакцинацијата на патките во 2023 година, имајќи предвид дека патките се поподложни на вирусот од другите птици со пердуви. САД и Канада, потсетува Ројтерс, неодамна ги ублажија забраните за увоз на вакцинирана француска живина.
Да потсетиме дека во мај 2023 година, Франција беше првата земја од ЕУ што имаше план за масовна вакцинација на живината против птичјиот грип кога распиша тендер за набавка на 80 милиони дози од вакцината со цел да биде подготвена да ја започне програмата за вакцинација следната есен.
Меѓу приоритетите беше и вакцинацијата на патки и гуски од чии џигер се прави францускиот специјалитет паштета-гра, еден од најпознатите симболи на француската гастрономија и наследство, наменет за потрошувачите со подлабок џеб. Со заштита на живината, Франција очигледно имала намера да го заштити производството на познатиот производ кој генерира приход. Повеќе од 50 милиони живина угинаа во 2022 година во Европа поради заканата од птичји грип и уништувањето на дивите и домашните птици. Многу фарми се затворени или претрпеа голема економска штета. Америка моментално се бори да ја стави оваа болест под контрола, а многу живинарски фарми се уништени од ширењето на вирусот.
Поради птичји грип цените на јајцата се зголемени за повеќе од 36 отсто во однос на истиот период лани. Експертите веќе оценуваат дека состојбата на тој пазар тешко дека брзо ќе се нормализира и дека новото поскапување е практично неизбежно.
Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристијан Линдмајер изјави дека е тешко да се комуницира со американските власти за прашањето на птичјиот грип откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се повлекуваат од глобалната здравствена организација. Запрашан за комуникацијата што СЗО ја доби од Вашингтон во врска со појавата на сојот на птичјиот грип Х5Н1, Линдмаер рече дека комуникацијата со САД сега е „предизвик“ бидејќи традиционалните канали за комуникација се прекинати, објави Ројтерс.