На хегемонијата на западните земји и дојде крајот и сега е во тек формирање на нов светски поредок, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
-Хегемонијата на Западот заврши, тоа денес никој не го оспорува, има податоци кои го потврдуваат тоа. Се формира нов светски поредок, ситуацијата мора постојано да се оценува и анализира – изјави Орбан, а пренесува агенцијата МТИ.
Тој истакна дека многумина се обидуваат да го поделат светот на геополитички блокови и дека, во исто време, земјите како Унгарија, кои го бранат својот суверенитет, се под голем притисок.
– Членството во блокот го ограничува просторот за маневрирање, така што, иако Унгарија е заинтересирана за членство во Европската унија и НАТО, поделбата на блокови не е во нејзин интерес. Затоа, ќе го зајакнеме сојузот со другите земји кои го бранат суверенитетот – додаде Орбан.
Унгарскиот премиер вчера изјави дека Будимпешта ќе работи и на зајакнување на соработката со Москва.
Тој изјави дека во Украина „се води прокси војна меѓу Западот и Русија и сосема е јасно дека Западот не може да победи во таа војна“.
– Не треба да зборуваме за војната меѓу Русија и Украина, бидејќи тоа е прокси војна, а сите знаат дека главните сили на Украина не ги обезбедува Украина, туку оние кои стојат зад неа – рече Орбан.