Еквадорската полиција откри и заплени 1,2 тони кокаин во пристаништето Гвајакил. Дрогата била наменета за Германија.
Кокаинот бил скриен во 31 куфер зад товар со банани.
Во Еквадор изминатите години се интензивираа судирите меѓу ривалските нарко банди. Земјата е транзитна рута за кокаинот произведен во Колумбија, Боливија и Перу, кој потоа се шверцува во САД или Европа.
Бројот на убиства минатата година достигна највисоко ниво во историјата на Еквадор.