Во експлозија во фабрика за чоколада во сојузната американска држава Пенсилванија загинаа две лица, а девет други се водат како исчезнати.
Експлозијата во фабриката RM Palmer Company во квартот Западен Ридинг во Пенсилванија се случи пред 17 часот по локално време во петокот, објави WFMZ.
Покрај загинатите и исчезнатите, шест лица се пренесени во медицински установи, изјавија за WFMZ од Агенцијата за итни случаи во Пенсилванија.
„(Фабриката) е прилично израмнета, за жал. Нема многу што можат да спасат од зградата“, рече градоначалничката на Вест Ридинг, Саманта Каг.