Во израелските напади на Газа убиени се најмалку 1.055 Палестинци

– Најмалку 1.055 Палестинци се убиени во израелските напади на блокираниот Појас Газa.

Министерството за здравство во Газа објави дека во израелските напади на Газа од 7. октомври загинаа 1.055 луѓе, а 5.184 се повредени.

Ситуацијата во Појасот Газа ескалираше по нападите на палестинската група Хамас врз израелските градови во саботата. Израел возврати со масовни воздушни напади на Газа.

Во нападите на Хамас врз Израел загинаа најмалку 1.200 Израелци.