– Повеќе од 70 години откако гепардите беа официјално прогласени за исчезнати во Индија, земјата сега е дом на четири младенчиња гепарди, изјави тамошниот министер за развој на животната средина, Бупендер Јадав.
Малите гепарди се добиени од две од осумте единки донесени минатиот септември од Намибија во индискиот Национален парк „Куно“ во средишната индиска сојузна држава Мадја Прадеш, како дел од планот да има 50 од оваа раса големи мачки во Индија следните пет години. Јадав на Твитер рече дека овој подмладок е „важен за зачувувањето на дивиот“ свет во Индија.
И премиерот Нарендра Моди го поздрави раѓањето на младенчињата, како „прекрасна вест“.
Минатиот септември, три машки и пет женски единки од овој вид „чита“, беа донесени од Намибија во Индија. Од нив, една угина.
Овие диви мачки можат да се најдат во јужна и источна Африка – Намибија, Боцвана, Кенија и Танзанија. Според податоците на Светскиот фонд за природата, денес има помалку од 7.000 гепарди останати во дивината.