Во Индонезија 14 загинати во пожар во складиште за гориво

– Најмалку 14 лица загинаа, а неколку десетици се повредени откако денеска изби пожар во државно складиште за гориво во Џакарта, што пожарникарите успеаја да го стават под контрола, соопшти индонезиската војска.

Отворена е истрага за причините за пожарот, кој избувна по 20 часот по локално време во објектите на националната нафтена компанија Пертамина, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили Дудунг Абдурахман.

Локалните власти соопштија дека загинале 14 лица, а 42 лица се повредени, меѓу кои и три деца во тешка состојба.

Поради пожарот, кој беше изгаснат по неколку часа, евакуирано е населението од населбата во близина на складиштето.

Пожарникарите велат дека, според првичните информации, се чини дека пукнала цевка во складиштето и дека тоа го поттикнало ширењето на пожарот.