Во ист ден од две скопски фирми исчезнале седум работници од Непал

Во два одвоени случаи во Скопје, вчера од две скопски фирми исчезнале седум работници од Непал.

Како што информираат од МВР, вчера во 14 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје, сопственик на правен субјект пријавил дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром.

Во 15.45 часот во СВР Скопје, Љ.Џ.(36) од Скопје, овластено лице на приватна фирма, пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработени во фирмата, се оддалечиле од хотелот каде престојувале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.