Во кој момент жената пребрзо старее: Запомнете го овој цитат од Ремарк за тоа како животот создава брчки на лицето

Процесот на стареење вклучува не само број на години, туку и промени во состојбата на кожата, постепено губење на активноста и појава на седа коса.

Меѓутоа, зошто некои жени во 50-тите изгледаат толку убаво и полни со живот, додека некои млади жени почнуваат да добиваат брчки порано и изгледаат постаро?

Еминентниот писател Ерих Марија Ремарк ги изрази своите размислувања на оваа тема на следниов начин:

„Жената, всушност, не е подложна на стареење, бидејќи таа не е само предмет на украсување и не е затворена книга, туку уникатно суштество со свој свет, светол и возбудлив.

Ремарк се восхитуваше на уникатноста на секоја жена. Неговиот цитат не потсетува дека годините претставуваат само уште едно поглавје од нашиот богат и прекрасен живот, давајќи ни дополнителна привлечност и мудрост, пренесува Телеграф.

Жените се вистински уметнички дела кои стануваат се подобри и подобри со возраста. Меѓутоа, ако стареењето го гледате како казна, тоа навистина може да ви стане такво. Сè е прашање на размислување, бидејќи „Какви се нашите мисли, таков е и нашиот живот“.

Процесот на стареење може да донесе многу придобивки – некои жени го прифатија како таков, а потоа почнаа да ги користат овие подароци – поради тоа изгледаат попозитивно, помлади, посреќни. Од друга страна, ако секој ден гледаме нова брчка во огледалото и очајуваме поради тоа, навистина старееме, прво духовно, а потоа и физички.

Затоа, да го прифатиме стареењето и да му кажеме на животот – „Јас и ти ќе имаме повеќе авантури заедно!“