Поранешниот претседател на Русија Дмитриј Медведев реагираше на повлекувањето на Бајден од трката за претседателските избори во САД и во краток коментар кажа што мисли за потегот на актуелниот американски претседател.
Осврнувајќи се на настаните во САД, Медведев повторно ја спомена Украина и рече дека Русија ќе ги постигне своите цели, без разлика на настаните во САД.
Тоа е тоа од Бајден.
Малку порано се огласија и други руски функционери, а особено критична беше портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Следниот чекор по писмената изјава на Бајден за повлекување од изборната трка треба да биде истрага за заговорот на американските медиуми и политички кругови кои ја криеле вистинската состојба на неговото ментално здравје, манипулирајќи со јавното мислење“, напиша Захарова на Телеграм.

Првиот заменик-шеф на Меѓународниот комитет на Советот на Руската Федерација, Владимир Џабаров, исто така рече дека ова е потег кој е од корист на Русија.
„Денес е црн ден за Володимир Зеленски и Европа. Тие не го сакаат Трамп“, рече Џабаров.
Претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин рече дека американскиот претседател Џозеф Бајден создаде проблеми низ светот и сега е во бегство.
„Бајден создаде проблеми низ светот и во својата земја и гледајќи дека нема да биде избран, бега без да ги чека изборите“, изјави Володин пред новинарите.