Во куќата на Ѓоковиќ забранета е брза храна и грицки! Еве што всушност јадат Стефан и Тара, а баба Дијана често го крши ова правило: „Децата го бараат тоа“ (фото)
Не е тајна дека познатиот тениски шампион Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена со години се на веганска диета, за која во неколку наврати јавно зборуваа.
Од друга страна, безброј пати беше поставено прашањето дали нивните деца, синот Стефан и ќерката Тара, јадат на ист начин. Многумина беа збунети и од изјавата на мајката на Новак, Дијана, која во една прилика откри дека ги „крши правилата“ на синот, бидејќи нејзините внуци често бараат од неа да им направи „вистински палачинки, а не без глутен“.
– Ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушам: „Бабо, подготви ни палачинки“, а потоа се натпреваруваме: „Кои ќе иж се допаднат, безглутенски или нормални“, а Стефан вели: „Бабо нормално, направи ни безглутенски “ – изјави Дијана во една прилика.
Одговорот за тоа како всушност јадат Стефан и Тара, Јелена го даде за време на карантинот, во 2020 година, кога во живо одговараше на прашањата на нејзините следбеници на Инстаграм.
-Стефан првата година и пол имаше нормална исхрана со месо и риба, а потоа се префрли на растителна исхрана и се чувствува многу добро, здрав е, а Тара е на растителна исхрана од почеток до сега, фала богу никогаш не сме имале проблеми со нејзиното здравје. Децата се целосно на растителна исхрана, без проблем јадат компири, краставици и моркови. И јас им давам многу смути и свежи напитоци сето тоа го блендирам. Некои деца се генијалци и одма јадат сè, моите деца уште не јадат зелена салата. И ние не пржиме, туку готвиме, тие јадат варени компири или пире – објасни Јелена.
Кога Стефан бил мал, Јелена зборувала за тоа и каква каша му подготвила.
,,Пирето од банана и авокадо е секогаш добро решение“, објасни Јелена и истакна дека храната по потреба ја засладува со мед, сируп од агава, јаворов сируп.
– Сакам сè да подготвувам навечер бидејќи моето малечко е утринска птица полна со енергија штом ќе се разбуди. Затоа планирам утрински оброци за сите нас навечер. Ми требаат пет минути – рекла Јелена и ги советувала другите да си играат со состојките, додавајќи дека вкусната храна не мора да е обранотена, туку може да биде свежа и здрава.