Во текот на летото е важно да внесувате доволно вода и минерали, особено ако сте физички активни. Кога се потите, губите натриум, но и калиум.
Треба да внесувате храна која е богата со овој минерал за да немате недостаток во вашиот организам.
Недостатокот на калиум може да предизвика слабост, умор, грчеви во мускулите, тешкотии со дишењето и многу други работи. Бананите се одличен извор на калиум, а една банана со средна големина содржи 422 милиграми калиум.
Половина авокадо содржи 487 милиграми калиум, односно 10% од препорачаната дневна количина. Ако изедете цело авокадо, ќе внесете 20% од дневната доза на минерали.
Ако го сакате вкусот на печениот компир, вашите мускули ќе ви бидат благодарни. Еден сладок компир со средна големина содржи околу 541 милиграм калиум.
Освен што е одличен извор на железо, витамин К и магнезиум, спанаќот содржи и многу натриум. Исто како и сладок компир, една шолја замрзнат спанаќ содржи 540 милиграми минерали.
Лубеницата содржи 640 милиграми калиум и е одличен извор на витамин Ц, витамин Б6 и магнезиум.