Во лето сите се ‘давиме’ во лубеница, а со тоа многу грешиме! Еве колку кришки можат да бидат опасни по вашето здравје – внимавајте!
Еве колку лубеница дневно е добра за вашето здравје!
Омилен деликатес на многумина во топлите летни денови е лубеницата – слатка, освежителна со висок процент на вода. Идеално за лето! Сепак, повеќето од нас јадат лубеница додека не ни заболи стомакот.
Руски едокринолог открива колку е опасна оваа навика: „Мислат дека лубеницата, јаболкото и боровинките се само вода со витамини. На таква вода во меѓувреме се здебелуваат по неколку килограми. Имам пациенти кои се здебелиле само јадејќи лубеница. Мора да знаете: овошјето е полно со фруктоза. Вишокот фруктоза, особено на празен стомак, ќе доведе до масна дегенерација на црниот дроб“.
„Исто така, фруктозата придонесува за развој на дебелина, предизвикува имунитет на хормонот на масното ткиво лептин и на хормонот на панкреасот инсулин. Тоа пак води до постојано зголемување на апетитот. Тоа е маѓепсан круг“, тврди Зухра Павлова, ендокринолог во Универзитетската болница во Москва.
Едно парче лубеница обезбедува дури 25% од дневната потреба за витамин Ц. Витаминот Ц е важен за здрави заби и непца, помага за апсорпција на железо, одржување на здраво сврзно ткиво на кожата, имунолошки функции и заздравување на раните. Овој витамин содржи и антиоксиданси, па го спречува оштетувањето на клетките со неутрализирање на слободните радикали – молекули за кои се верува дека се поврзани со стареење и појава на одредени болести. Има се повеќе докази дека луѓето кои јадат доволно овошје и зеленчук за да ги задоволат дневните потреби за витамин Ц имаат постабилен крвен притисок од оние кои не јадат доволно од овие важни намирници.