Во Лисиче воздухот веќе е отровен, синоќа загадено и во повеќето македонски градови

Со почетокот на грејната сезона повторно се актуализира сезоната на загаден воздух. Мерните станици за квалитетот на воздухот ширум земјава синоќа покажува концентрации на штетни честички во воздухот и по неколкупати повисока од максимално дозволените.

Според податоците најзагаден воздух синоќа дишеа жителите на делови од Скопје, а во Лисиче беше измерено најголемо загадување од 197 микрограми ПМ10 честички на метар кубен како и 118 микрограми на метар кубен ПМ2,5, што е речиси петпати повеќе од максимално дозволената вредност.

Меѓу македонските градови со најзагаден воздух беа и градовите Гостивар, Кичево, Струмица, Тетово, Велес, Кавадарци. Падот на температурите, маглата која почна да се појавува во котлините и почетокот на грејната сезона најавуваат уште една зима во која Македонија ќе се „гуши“ во загаден воздух.