Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера ја изгласа новата Регулатива за заштита на граѓаните од злоупотреби со брзи заеми добиени во нивно име од трети лица. Измените во оваа регулатива наметнуваат нови ограничувања за финансиските друштва, со кои се бара построг процес на идентификација и физичко присуство на барателот за да се осигура дека брзите заеми не се користат за незаконски цели, пренесува Телеграф Македонија.
Финансиските компании од овој момент нема да можат да нудат брзи онлајн кредити само со фотографија од документ за идентификација, што ја оневозможува можноста за кражба на идентитет. Дополнително, доколку барателот сака парите да ги добие во продавница наместо на жиро сметка, ќе биде потребен електронски чек и процедури утврдени со закон.
Оваа нова активност е одговор на загриженоста на голем број граѓани кои биле вклучени во високи долгови и злоупотреби од компаниите за брзи кредити, без да знаат за овие кредити.