“Ние не даваме живот, ние даваме шанса за живот” – да се спаси детскиот живот е најголем престиж – вели единствениот детски кардиохирург во Македонија, Владимир Чадиковски.Тој открива дека годишно во земјава околу 200 деца се раѓаат со срцеви аномалии..од кои за речиси 120 дечиња се потребни хирушки интервенции, а 80-ина е потребно да бидат оперирани во првите три месеци од раѓањето. Според бројките, на Детска кардиохирургија секоја година од 120 до 140 деца се хоспитализираат. Чадиковски вели дека детските кардиохирурзи ја имаат најголемата одговорност за животот на најмалите борци со срцеви болести.
“На многу родители сум го кажал…јас не сум во сосотјба да дадам живот на некое дете, но шанса за живот мораме да му дадеме на секое дете. На детска кардио хирургија во нашата болница немаме листа на чекање…туку има деца што се следат,и кога е правиот момент тогаш се интервенира” – вели д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург.
Еден од најголемите предизвици за доктор Чадиковски, е операцијата на новороденче кое тежело само 1 килограм и 700 грама. Операцијата поминла успешно, а бебе сега е добро. Овој зафат бил исклучително тежок за тимот, зошто нивната задача била да оперираат срце со големина на орев., с од друга страна тук абила битка со времето, која е клучна во тие моменти.
”Многу сме среќни бидејќи навистина беше борба да се работи за екстремно мало бебе а со комплексна мана..мене ми е многу драго што за овие 13 години,ние влегуваме во рутинска работа едноставно правиш само апгрејт,и гледаш само каде може да се подобриш и немаме предизвик во организација.”
Операциите на срце кај деца се целосно бесплати и покриени од ФЗОМ. Ова според доктор Чадиковски докажува дека овој центар е од рангот на светските клинички болници во кои се изведуваат сериозни кардиохируршки интервенции кај најмалите.
“Децата ништо не плаќаат, се што треба да се направи за испитувања, снимања…пост оперативен третман..и ако има некакви итни состојби овој систем работи од првиот ден.Ниту едно дете досега не платило ништо кај нас што е поврзано со Детска кардиохирургија” – изјави Чадиковски.
За разлика од пред десетина години кога се поставуваа темелите на детската кардиохиргија имавме дефицит од кадар, за денеска да се пофалиме со тим од околу седумдесетина експерти кои секојдневно водат борба за да спасат детски живот, посочи Чадиковски.