Дел од реката Вардар, кај Демир Капија, да биде прогласен за заштитено подрачје, воведување на Рамковната директива за води на ЕУ, да се работи на промена на политиките, на засилување на инспекцискиот надзор се дел од заложбите на „Екосвест“, со цел подобро управување со водите.
За да не ни се случуваат поединчени инциденти, како оној, со загадувањето на Крива Река, треба што поскоро да се донесе новиот закон за води, кој се подготвува веќе четири години, а не влегол во Собрани. На тој начин ќе може да се применат и европските правила за грижа за реките, а воедно да се надминат и проблемите сдо малите хидроцентрали.
За инцидентот со Крива Река и лабораториските анализи кои потоа ги направија четири различни органи во државава, од „Екосвест“ сметаат дека треба да има еден државен, за да знае јхавноста на кого треба да се верува.
– Треба да има државен орган и тој орган треба да има капацитет. Во моментов во државата има само два водостопански инспектори – тоа е далеку од доволно. Ние активно работевме со Државниот инспекторат за животна средина во државата. Два пати организиравме обука на инспекторите во домен на мерење на еколошкиот проток на водите со цел да ја помогнеме и да ја поддржиме капацитетите на инспекторатот, во мониторинг на малите хидроцентрали, кои исто така претставуваат еден голем проблем во нашата држава – вели Ѓорѓи Митрески од „Екосвест“, координатор на програмата за заштита на води.
Од „Екосвест“ се залагаат за силна инспекциска контрола во работењето на сите чинители за заштита на реката, за да нема поединечни инциденти. Ставот е да се работи на промена на политиките, на засилување на инспекцискиот надзор и воведување на европските начини на управување со реките.
Митрескиј вели дека се работи на долното течение на реката Вардар и притоките.
– Ние пред две години поведовме иницијатива за прогласување на заштитено подражје во Општина Демир Капија, со цел заштита на долното течение на Вардар, дел од Демиркаписката Клисура и пет планински притоки – рече Митрески.
Иницијативата е во завршна фаза. Во интензивна комуникација се со Министерството за животна средина коешто прогласувањето и изработката на студија за Вардар кај Демир Капија ја стави во годишната програма. Во комуникација со општината и со советот на општината кои ја прифатија и ќе ја водат комуникацијата со министерството. Во моментот се изработува валооризација на вредностите на идното заштитено подрачје. Студијата треба да биде готова во септември годинава. Општината ќе ја поднесе во министерството, а потоа следуваат законски јавни консултации и изработка на план за управување. Надежта е од следната година тоа да биде веќе заштитено подрачје.
За изработка на студијата со експерти, биолози ќе се консултираат од сите таксономски групи, од ихтиофарма – рибите, хепариската вегетација, цицачи, лилјаци и сите таксономски гурпи кои се присутни на подрачјето, хидролошки истражувања, геоморфолошки, кастни истражувања… Врз основа на податоците ќе се зонира подрачјето.
Новиот закон за води, од кој „Екосвест“ биле дел од работната група се работи од пред четири години, но сѐ уште се чека што побрзо да дојде во Собрание. Заштита на реките и кај нас треба да се спрведува според еден водечки документ за заштита на водите, а тоа е Рамковната директива за води на ЕУ. Актуелниот закон за води не ги транспонира тие директиви. Новиот закон ги опфаќа, како еколошкиот проток на водите и поголема партиципативност на граѓаните.