Како што информираат од АМСМ, прекинот на сообраќајот за тешки возила продолжува да важи до 30 август.
Според одлуката, за време на викендот и за време на високи температури забранет е сообраќај за возила над 15 тони.
АМСМ го објавува и времето на застанување: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 9:00 до 18:00 часот и недела од 9:00 до 22:00 часот.
Оттаму додаваат дека на магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје и за време на викендот е забранет сообраќајот за возила над 7,5 тони:
Петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 7:00 до 12:00 часот и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 7:00 до 22:00 часот.