ВО МАКЕДОНИЈА СЕ УШТЕ Е ЛЕТО, А ВО ОВАА ДРЖАВА ПРИСТИГНА ГОЛЕМА ЗИМА! Незапаметена снимка од СНЕЖНO НЕВРЕМЕ, како да се од друга планета (ВИДЕО)

Во Аргентина падна снег каков досега не е виден.

И додека Македонија и Европа се уште се борат со тропските горештини, на другата страна на светот се појавија проблеми од сосема поинаква природа. Аргентина во последните дваесет и четири часа ја зафати рекордно снежно невреме кое донесе снежни наноси од речиси еден метар.

Овие снежни наноси носат слики кои во Европа изгледаат како да се од друга планета. Покрај снежната покривка во провинцијата Лас Ленас, тие се соочуваат и со лавини. Така аргентинскиот метеоролог Лук Стоун снимил видео од лавина како удира во зимски центар. 

Според информациите што ги сподели Стоун на својот Инстаграм профил, ризикот од лавини во моментов е на највисоко и најопасно ниво.