Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови поројно (над 40 л/м2). Ќе дува засилен јужен ветер кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 км/ч).
Во планинските предели се очекува врнежите да преминат во снег, а се очекува да се формира слој од снег. Во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од снег на некои пониски места каде ќе се создаде потенок слој снег, соопшти УХМР.
Во следните неколку дена времето ќе биде стабилно и мирно со ниски температури претпладне и магла по котлините.
Во Скопје утре времето ќе биде претежно облачно и ветровито со повремен пороен дожд.
Во текот на ноќта со засилен северен ветер во повисоките делови од котлината ќе се создадат услови врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет.