Во машината за перење има СКРИЕН ДЕЛ КОЈ МОРА ДА СЕ ЧИСТИ НА СЕКОИ 3 МЕСЕЦИ – вака АЛИШТАТА се ПОЧИСТИ и мирисаат подобро, а машината трае подолго
Машините за перење го олеснуваат перењето алишта со децении, но и тие треба да се чистат одвреме-навреме.
Имено, експертот за чистење и инфлуенсер Барбара Костело покажа како се чисти скриениот дел од машината за перење и како на овој начин да се продолжи нејзиниот век, пренесува The Sun. Таа советуваше чистење на филтерот на секои неколку месеци, па ги предизвика своите следбеници да го најдат во машините за перење.
– Ако не знаете каде е филтерот, може да имате неволја бидејќи треба да го чистите до четири пати годишно, рекла Барбара, а потоа покажала како да го извадите и темелно да го исчистите.
– Моето е на предната страна на машината. Само ќе ја отворам оваа мала врата и тука е филтерот. Имам крпа и сад, рече таа.
Додека го отстранувала филтерот, од машината излегла вода, но таа ја фатила во сад.
– Откако ќе го исплакнете филтерот во топла вода, проверете дали има предмети во машината како чорапи и слично.
Барбара потоа стави малку бел оцет на крпата.
– Избришете ја преградата за филтер со ова бидејќи веројатно е многу валкана. Кога ќе се исуши, вратете го филтерот во машината. Сега нема да морате да се грижите за филтерот на вашата машина неколку месеци. Чистењето траеше околу пет минути, но навистина го продолжи животот на машината и ќе имате многу поубави алишта, истакна Барбара.
Многумина го коментираа нејзиното видео.
“Што? Јас сум прилично стар и само што дознав за ова! Леле!”, “Се плашам да помислам што има во нашата машина”, се само некои од коментарите.