Во морето на лоши вести, еве една добра вест! Вирално стана видео од баба и дедо кои сè уште се сакаат: „Сакам барем еден ваков ден во годината кога ќе бидам стар“ (видео)
Во неодамна објавеното видео снимено во Романија, вербата во љубовта и почитта се оживуваат преку приказната за пар кој е вистински пример за трајна љубов.
Во видеото кое носи силна порака, дедото не ги губи од вид суштинските вредности на љубовта, вниманието и почитта кон својата сопруга. Нивната врска е доказ за тоа колку овие вредности можат да се зајакнат со текот на времето. Насмевката на лицето на бабата јасно говори за длабокото задоволство и љубов што ги споделува со сопругот, потсетувајќи ги сите оние кои се сомневаат во моќта на вистинското партнерство.
Видеото може да го погледнете ТУКА
„Се надевам дека ќе имам барем еден ваков ден во годината кога ќе остарам“, „Животна цел“, „Јас и мојот сопруг во иднина“, „Се надевам дека ќе ја најдам својата друга половина и ќе бидам среќна како овие двајца“, „Заедничкото време е вистински благослов“, „Преживеаја тешки времиња, но останаа заедно, се надевам дека ќе живеат што подолго. Господ да ги благослови“, коментираат на Инстаграм, каде има реакции на англиски, грчки, српски и секако романски јазик.
Сè најдобро на бабата и дедото од видеото!