– Најмалку 43 лица, меѓу кои 12 деца, се повредени откако руски проектил погоди паркинг на станбена зграда во областа Харков, соопштија локалните власти.
Меѓу 12-те деца има едногодишно и десетмесечно бебе, јави Би-Би-Си.
Според украинските власти, руска ракета Искандер паднала во градот Первомајски околу 13 часот и 30 минути по локално време.
Украинскиот јавен обвинител Андреј Костин изјави дека во таа област има само станбени згради и оти „ова е уште едно руско воено злосторство“.
Первомајски се наоѓа на околу 90 километри јужно од главниот град Харков и е релативно далеку од жариштето на борбите, кои претежно се во регионот на Донбас.