“Во најдобар случај ми останува уште една година живот…“ – Легендарниот фудбалер тренер ја објави шокантната вест: “Вистина е – имам рак, не е добро“
Легендарниот фудбалер и тренер, Свен Горан Ериксон (75 г.), ја објави веста која шокираше и растажи многумина.
Иако изгледа како да нема никакви проблеми, на славниот Швеѓанец му беше дијагностициран рак на панкреасот. За жал, прогнозата не е добра.
„Сите разбираат дека имам болест која не е добра, а сите претпоставуваат дека е рак, и тоа е вистина. Отприлика знам дека во најдобар случај имам една година живот, во најлош случај малку помалку. Докторите што ги имам ми го кажаа тоа… Не можеш да бидеш апсолутно сигурен и да го кажеш што понатаму. Подобро е да не размислувате за тоа“, изјавил Свен Горан Ериксон за Sveriges Radio.
„Претходниот ден бев надвор и изодив пет километри. Сето тоа се појави од никаде. Не знаат колку долго имам рак, можеби еден месец или една година“, вели славниот фудбалер.
И покрај лошата прогноза, Свен Горан Ериксон остана позитивен.
„Во сè го гледате позитивното, јас не барам неволја. Оваа болест не е добра, но морам да се борам колку што можам“, вели тој.
Свен Горан Ериксон остави голема трага во тренерскиот бизнис. Раководеше голем број клубови, а беше и селектор на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипини.
Тој освои многу трофеи, меѓу кои се издвојуваат Купот на Уефа со Гетеборг, три титули во Португалија со Бенфика и Серија А во сезоната 1999/00, кога ги предводеше Лацио.