ВИДЕО | Гледачите во неверување од потегот на Никола Јокиќ во првата минута од натпреварот: Србинот ја покажа својата нова фризура и ги остави Американците без зборови со овој магичен потег

Во текот на првата четвртина од натпреварот против Јута Џез, Никола Јокиќ влезе во историјата на НБА лигата, а на самиот старт покажа малку од магијата што ја поседува.

Србинот одигра добар натпревар, но Денвер Нагетс беше поразен на гостински терен.

Како и секогаш, се што прави српскиот кошаркар привлекува големо внимание иако тој тоа не го сака.

Овој пат, пред почетокот на играта, на навивачите вниманието го привлече новата фризура на најдобриот играч во НБА лигата во моментов.

А потоа, веќе во првата минута, Никола Јокиќ забележа неверојатна асистенција. Ја фати топката под кошот, се сврте и веднаш испрати додавање низ теренот, во стилот на американски фудбалски бек, а сето тоа користејќи само една рака.

Мајкл Портер Јуниор одлично предвиде што може да се случи, налета на контра и лесно постигна кош.