ОВА Е НАЈПРОВОКАТИВНАТА СОПРУГА НА ФУДБАЛЕР – КАКО ОД МАЈКА РОДЕНА: Само цвеќиња на интимните делови, се надмина себеси! (ФОТО)

Не се срами од своето тело.

Американката Рејчел Буш со своите објави ги полудува мажите, а на нејзиниот избраник изгледа воопшто не му пречи.

Сопругата на американскиот фудбалер Џордан Појер од Бафало Билс се надмина себеси и објави фотографија на која е целосно гола.

Рејчел е позната по својата атрактивност и редовно споделува провокативни фотографии со своите 4 милиони следбеници.

Овој пат таа повторно го привлече вниманието на себе кога се фотографираше гола на Хаваи, додека интимните делови ги покрива со цвеќиња и коса.

Рејчел и Џордан се во брак од 2018 година и ја имаат ќерката Алија, која има шест години.

Појер во својот клуб заработува нешто повеќе од седум милиони долари, но таа бројка наскоро би можела да се зголеми за уште 12 поради новиот договор што го потпиша за следните две години.