Во најновата песна Карлеуша пее за Роман Абрамовиќ – пејачката „му фрли око“ на рускиот тајкун, од зборовите нема да му биде добро на Душко Тошиќ!
Пејачката Јелена Карлеуша ја изненади публиката откако го издаде новиот албум кој се вика „Омега“ и е продолжение на нејзиниот претходен албум „Алфа“ кој излезе пред само неколку дена.
Песната која веднаш им бодеше очи на сите и стана голем хит во првите 24 часа, е именувана како „Романе“.
Во неа Карлеуша пее за рускиот олигарх Роман Абрамовиќ и го моли да не потпише пред брачен договор и пее дека ќе биде негова љубов и дeka го сака.
-Песната е посветена на рускиот тајкун Роман Абрамовиќ и тој е супер тип. Паметен, убав и богат со добар изглед, вели текстописецот.
Таа додава дека од сите олигарси Роман се одвојувал и дека и бил инспирација за песната.
Инаку песната настанала пред војната во Украина, а напишана е пред две години.