Во оваа европска земја е воведена забрана за чување миленици

Холандскиот парламент воведе забрана за чување миленици кои имаат здравствени недостатоци, како мачки и кучиња без влакна или раса мопс, објавија денеска холандските медиуми.

Долниот дом на Собранието со огромно мнозинство го поддржа и го усвои предлогот на Партијата за слобода (ПВВ) и Партијата за животни за забрана на трговија и чување на вакви домашни миленици, пишува порталот бр.

Нивното одгледување беше забрането во Холандија пред неколку години.

Според холандскиот NLTimes, кучињата мопс, на пример, имаат потешкотии со дишењето, а мачките со свиткани уши имаат нарушувања на ‘рскавицата и страдаат од болки во зглобовите, додека оние без влакна често страдаат од инфекции на кожата и очите.

Портпаролот на Министерството за земјоделство изјави дека забраната за чување вакви миленици може да се применува само во случај одредени карактеристики на секое поединечно животно да предизвикаат сериозни физички проблеми.