Во Туркменистан автомобилите можат да бидат само една боја – бели. Возилата со различна боја се отстранети од коловозот. БиБиСи уште во 2015 година објави дека граѓаните на таа земја можеле да купат само бел автомобил (наводно можна е и светло сива нијанса).
Потоа беа објавени нови информации со предупредување дека властите ги отстрануваат сите автомобили од улиците кои не се бели.
Оваа владина одлука принуди многу возачи да бараат купувачи за своите користени црни, црвени, сини…, автомобили во други земји во близина на Туркменистан, бидејќи не можеа да си ги дозволат трошоците за префарбување на возилото. Дополнително, соочени со лавина од возачи кои сакаа да ја сменат бојата на каросеријата, поскапеа и цените во работилниците, пренесува ХАК преглед.
Зошто бели автомобили? Владата не даде никакво објаснување во прилог на оваа одлука. Некои медиуми, пак, наведуваат дека претседателот на државата Гурбангули Бердимухамедов, кој сè уште е на власт, е суеверен и смета дека белата боја носи среќа.