Во оваа земја е слично како во Македонија: Работиш додека си жив, пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа во доцнежните години
„Да чекаме само пензија“, е реченицата која често може да ја слушнеме кога ќе се најдеме во ситуација да нè преоптоварува работата, но сепак во многу земји пензионирањето не значи крај на работните денови. Напротив, во Франција пензионирањето на некој начин значи дека започнува борбата за опстанок.
Имено, минатата година во Франција беше поместена границата за пензионирање, а условот „полни 62 години“ беше поместен на 64. Тоа предизвика бројни протести кои траеја со денови, но одлуката сè уште е на сила.
Пензијата во Франција до лани изнесуваше 960 евра, додека сега е околу 1200, што е секако помалку од минималната сума од 1700 евра.
Трошоците секако остануваат исти, а работата по 64 години е исто така опција за многумина. Додека цената на становите е околу 600 евра, струјата може да биде околу 50 евра, гасот околу 100, додека водата варира – но сметката може да биде и до 85 евра месечно.
Јасно е дека минимум 800 евра одат за основни трошоци, што е повеќе од половина од пензијата, па не чуди што повеќето пензионери сепак се одлучуваат да продолжат со работа.
Што се однесува до условите, како што информира извор лоциран во Франција, односно Париз, пензионерите работат како „екстра“ помош, односно како дополнителен работник. Исто така, додека другите работат пет-шест дена, ако има работа, пензионерите работат и до четири дена, додека нивните саатници се нешто повисоки од редовните работници.