Во оваа земја луѓето работаат најмалку, најмногу ужаиваат и живеат најдолго: Ја нарекуваат и ,,рај на земјата”

Рамнотежата помеѓу деловните обврски и приватниот живот сè повеќе се истакнува како важен фактор во животот. Треба да размислите и за ова додека сонувате да се преселите во идеална земја за живеење, бидејќи понекогаш работите не се баш онакви какви што ни изгледаат од далечина.

Постигнувањето на идеална рамнотежа не е лесно, особено кога ќе ги земеме предвид начинот и трошоците за живеење во големите градови. Ако се прашувате кои нации успеваат најдобро да ги балансираат работата и слободното време, погледнете ги резултатите од новото истражување подолу.

Параметрите кои се земаат предвид при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни часови неделно, должината на годишниот одмор, процентот на жители кои имаат ненарушен ноќен сон, очекуваниот животен век и чувството на среќа на испитаниците во секоја земја опфатена со истражувањето.

Според сите овие критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото, благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен одмор во зависност од нивната старост. Така, работниците над 55 години во оваа земја имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.

Австрија и Данска, кои се рангирани на второто и третото место, на работниците им даваат минимум 25 дена платен одмор годишно и погледнете ја целата топ 10 листа на земји чии жители очигледно најмногу уживаат во животот:

– Луксембург

– Австрија

– Данска

– Норвешка

-Финска

– Шведска

– Франција

– Белорусија

– Холандија

-Швајцарија

Обединетото Кралство е рангирана на 17-тото место благодарение на разумната просечна работна недела од 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години, а повеќе од половина од испитаниците исто така изјавиле дека спиеле во просек 7,5 часа навечер, што е добар резултат. Интересно е што Соединетите Американски Држави се на 87 место, меѓу другото и поради тоа што на работниците воопшто не им се гарантирани деновите за платени одмори, а дел од населението е незадоволно од квалитетот на сонот во текот на ноќта.

Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија се исклучително лошо рангирани, бидејќи во сите три земји просечната работна недела е 46 часа. Бидејќи работното време е значително подолго, би очекувале вработените да добијат повеќе слободно време. Но, тоа воопшто не е така, бидејќи во Кина добивате само 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8.