ВО ОВАА ЗЕМЈА E ДОЗВОЛЕНА САМО ЕДНА БОЈА НА АВТОМОБИЛИ: Властите ги забранија сите други бои, а ОВА е причината за тоа

Властите ги отстрануваат сите автомобили кои не се бели од улиците.

Во Туркменистан автомобилите можат да бидат само една боја – бели. Возилата со различна боја се отстранети од коловозот. Би-би-си уште во 2015 година објави дека граѓаните на таа земја можат да купуваат само бели автомобили (наводно можна е и светло сива нијанса).

Потоа беа објавени нови информации со предупредување дека властите ги отстрануваат сите автомобили кои не се бели од улиците.

Оваа владина одлука принуди многу возачи да бараат купувачи за своите користени црни, црвени, сини…, автомобили во други земји во близина на Туркменистан, бидејќи не можеа да си ги дозволат трошоците за префарбување на возилото. Дополнително, во услови на лавина возачи кои сакаа да ја сменат бојата на каросеријата, поскапеа и цените во работилниците, пренесува ХАК магазинот.

Зошто бели автомобили? Владата не даде никакво објаснување во прилог на оваа одлука. Сепак, некои медиуми јавуваат дека претседателот на државата Гурбангули Бердимухамедов, кој се уште е на власт, е суеверен и смета дека белата боја носи среќа.