Во овие три хороскопски знаци се раѓаат најубавите жени во светот: Мажите ‘полудуваат’ по нив! Погледнете дали и вие сте дел од нив
Дознајте во кои три хороскопски знаци се родени најубавите жени! Кога ќе видите кои ѕвезди припаѓаат на овој хороскопски круг, се ќе ви биде јасно!
Кога се во прашање предиспозициите за физички изглед, не е важна само генетиката, важен е и хороскопот! Иако убавината е во окото на гледачите, астролозите велат дека најатрактивните и најубавите жени се родени во овие знаци на хороскопот. Проверете дали и вие сте меѓу нив!
ВАГА
Интересно е што најубавите луѓе се родени во знакот Вага, бидејќи со него владее Венера, планетата на убавината. Таа на овој знак му дава убава, витка фигура и привлечен изглед. По правило, очите им се бадемовидни, а имаат заводлива, брановидна коса. Имаат стил, се облекуваат елегантно, а со годините нивниот стајлинг е се пософистициран. Меѓу познатите јавни личности има многу претставнички на Вага – Брижит Бардо, Кетрин Денев, Моника Белучи, Гвинет Палтроу, Бела Хадид…
БИК
Биковите исто така се родени под покровителство на Венера, но во споредба со Вагата нивната убавина е поедноставна. Сепак, тоа не ги прави помалку привлечни. Жените родени во овој знак имаат малку помали очи, облик кој е поблиску до кружен отколку бадем, а често имаат и малку подебела фигура, дури и кога се слаби. Типичен пример е Мишел Фајфер. Инаку, многу им е тешко да одржат линија, поради што во подоцнежните години можат да накачат некој килограм плус. Џесика Алба, Меланија Трамп, Наталија Ореиро, Адел, Пенелопе Круз, Ума Турман се некои од најрепрезентативните претставници на знакот Бик.
РИБА
Рибите се убави како нимфи, толку заводливи што не можете да го тргнете погледот од нив. Очите им се секогаш полузатворени, погледот „поканувачки“, со нежни црти на лицето и елегантни движења. Тие изгледаат како загатка што копнеете да ја решите. Тие често ја играат улогата на музи на различни уметници, поети, режисери и композитори. Во знакот Риби се родени Синди Крафорд, Дру Баримор, Ријана, Шерон Стоун, Ева Лонгорија и Емили Блант.