ВО ОВОЈ ГРАД ВО ШПАНИЈА Е ИЗМРЕНА НАЈВИСОКАТА ТЕМПЕРАТУРА – Буквално ‘земјата горела’, а живата во термометарот достигнала неверојатни 47 степени
Новиот топлотен бран кој го зафати Пиринејскиот полуостров донесе екстремно високи температури во Шпанија.
Силен циклон од Северен Атлантик предизвика високи температури во Шпанија, а како дел од него пристигна и топла воздушна маса од Северна Африка.
Ова доведе до многу високи температури, па тие надминаа 40°C низ целата земја и во Мадрид, а на југот и југоистокот на земјата достигнаа до 45°C измерени во Кордоба.
Најтопло било на истокот на земјата, па на аеродромот во Валенсија е измерена досега највисока температура, 46,8°C, а претходниот рекорд бил 43,4°C. Затоа, претходниот рекорд во овој град е надминат за дури 3,4°C.
Инаку, сегашниот рекорд за цела Шпанија е 47,6°C, а е измерен во Кордоба во август 2021 година.
Многу високите температури и ведрото време се придружени со големи шумски пожари.
Денес, температурите се малку пониски низ цела Шпанија и паднаа под 40°C, освен на југот на земјата каде што сè уште се околу 45°C како што е измерено во Кордоба.
Освежување се очекува на почетокот на следната недела, а максималната температура потоа ќе се спушти под 40°С на југот од земјава. Сепак, во цела Шпанија и натаму ќе биде топло, ведро и без дожд, иако температурите ќе бидат пониски за 5 до 10 степени.