Во овој град е црна темница 24 часа на ден! Еве како се живее додека трае поларната ноќ – една работа е голем проблем 

Во Лонгјарбиен, Свалбард, Норвешка, моментално е поларна ноќ, а како резултат на тоа, црно е 24 часа на ден.

Во Лонгјарбиен, Свалбард, Норвешка,  трае поларната ноќ. Тоа е природен феномен  кој се јавува северно од арктичкиот круг и јужно од антарктичкиот круг, при што сонцето не изгрева над хоризонтот. 

За да се одржи чувството на нормалност, домовите, улиците и работните места се осветлени со силни светла, а многумина користат светилки за терапија со светлина.

Темнината трае цел ден

Времето во кое сонцето не изгрева зависи од географската локација на местото – на овој норвешки архипелаг во Арктичкиот океан поларната ноќ трае од крајот на октомври до почетокот на февруари.

Во текот на месец јануари ноќе е во девет часот наутро кога повеќето од 1800-те жители почнуваат со работа, напладне е темно кога ручаат и по 17 часот кога се враќаат дома. Небото само повремено е прошарано со прекрасните светла на поларната светлина

 

Сè е осветлено со силни светла

За да се одржи чувството на нормалност, домовите, улиците и работните места се осветлени со силни светла, а многумина користат светилки за терапија со светлина.

Тие ја имитираат сончевата светлина, го подобруваат расположението, концентрацијата, квалитетот на сонот и енергијата.

Треба да се подготвите за поларната ноќ однапред. Би било лесно да се препуштите на моменталното чувство, да спиете цел ден и да не излегувате на студ. Просечната јануарска температура во Лонгјарбиен на островот Шпитсберген е околу -6 степени Целзиусови.

Наместо тоа, локалното население среќно се препушта на активности на отворено, како што е скијање во крос-кантри. 

Многумина одат во локалната теретана за да останат во форма.

 

Храната е многу скапа

Бидејќи овде ништо не расте – и лето и зима – целата храна се доставува со брод и авион и е прилично скапа. Ова е најголемиот проблем за населението.

Имено, тие месечно трошат околу 1.200 евра за храна.