ВО ОВОЈ СТАН ПОРАСНАЛА ЛЕПА БРЕНА! Се е толку просечно и скромно, тврдат соседите: Го продала имотот на татко и… (ФОТО)
Фахрета Јахиќ, попозната како Лепа Брена, е родена во Босна и Херцеговина, во Брчко , каде што живеела со своето семејство се додека случајно не ги запознала членовите на бендот Слатки грех и многу брзо станала најпопуларната личност во Југославија.
Таа често во јавноста зборуваше за родното место, нагласувајќи дека таму поминувала прекрасни моменти растејќи и дека често одела во Брчко додека нејзините родители биле живи.
Српските медиуми пренесуваат дека таа го продала станот на нејзиниот татко и не доаѓа таму од неговиот погреб. Вратата од станот ја отворил Селим Хрловиќ, далечниот роднина на пејачката, кој го купи имотот од неа.
– Минатата година го купив овој стан од Брена, таа веќе не поседува никаков недвижен имот овде. Таа замина од тука кога беше многу млада. Ако дојде во Брчко, секогаш може да остане тука во станот. Цела нација се гордее со неа, особено ние што сме од овде – ни изјави тогаш Селим.
Брчачани ни кажаа дека Брена одамна не ја виделе.
Соседот на пејачката, кој не сакаше да се фотографира, за Курир се присети на детството на Фахрета.
– Се дружеше со мојот син, беше убаво дете, постојано насмеано, имаше некоја харизма. Слушнав дека и мајка и починала и дека тоа тешко го претрпела. Мене ми е криво што го заборавила родното место, продала се. Дури и кога и беа живи родителите, ни тогаш не дојде на гости, знам дека на крајот татко и имаше само мал стан во близина, кој сега е продаден. Таа порасна во куќа кај Лички мост, каде што сега не се вози кола, но таа куќа дефинитивно веќе не постои. Има многу пари, можеше да направи нешто овде, во родниот град, но очигледно не сака – изјавила тогаш соговорничката.