Туристичката сезона во Охрид продолжува и во деновите од септември, благодарение на убавото време и високите температури. Најмногу посетители има од Холандија и Полска како и од соседните земји. Според статистиката, од јануари до јуни бројот на туристи е зголемен за 11,1 отсто, а на гостилниците за 9,9 отсто. Туристичките работници не се задоволни од профитот и покрај големиот број туристи.
„Оваа година имаме послаба туристичка сезона од лани. Во Охрид имаше раздвижување, градот беше полн и впечатокот беше дека сезоната е добра и се работеше, но профитот беше послаб“, вели туристичкиот работник Асим Челик.
„Охрид имаше многу туристи, имаме квантитет но не и квалитет на туристи. Имаме многу туристи од Турција кои се добро организирани каде да јадат и што да посетат за разлика од приватните туристи кои треба да трошат пари во повеќе делови од земјата. Охрид треба да има повеќе квалитет и тоа да се направи со корекција на цените бидејќи има поплаки за високите цени во Охрид“, изјави гемиџијата Зоран Ангелоски.Туристите велат дека месец септември е најпогоден месец за одмор бидејќи нема брзање од посетители
„Многу е добра, прекрасна природа со прекрасен пејсаж“, вели турист.
„Многу е добро и времето е погодно, водата е топла и никогаш не била подобра“, вели турист.
„Многу е потопло од минатиот викенд. Се надевам дека вака ќе продолжи“, вели турист.Охридскиот аеродром до крајот на септември ќе има редовни летови од Холандија и Полска. Владата вчера го објави новиот јавен повик за субвенционирање на нови авиолинии. Финансиската поддршка за секој патник на охридскиот аеродром ќе изнесува 12 евра.