Во СВР Битола – Полициска станица Демир Хисар вчера било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во демирхисарско село Вирово, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот.
-Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.