– Во поплавите што ја зафатија Грција загинаа четири лица.
Според грчката противпожарна служба, тело на маж е пронајдено во Петрото, во близина на Фарсала, јужно од Волос.
Така, вкупниот број на загинати во поплавите што ја погодија Грција на 5 септември се зголеми на четири.
Поплавите денес се сконцентрирани главно централниот град Кардица, каде што луѓето побараа спас од водата на покривите на куќите. Во текот на денот се очекуваат повеќе врнежи од дожд.
Многу села се поплавени. Побарана е поддршка од Вооружените сили како и од тимовите за пребарување и спасување. Од властите се побарани хеликоптери за спасување на жителите.